Солскјер ќе ја празни касата за соиграч на Елмас

Аркадјуш Милик е најновото име кое се поврзува со Манчестер јунајтед во овој преоден рок. Црвените ѓаволи се во потрага по класична „деветка“, а се чини дека Солскјер ја најде во редовите на Наполи, каде што игра нашиот Елиф Елмас.

Јунајтед наводно подготвува „солена“ понуда за Милик од 60 милиони фунти, сума која според формата на Полјакот, е оправдана. Познато е дека со претседателот на Наполи, Де Лаурентис, тешко се водат преговори, па затоа гигантот од „Олд Трафорд“ стартува со богата понуда со цел што побрзо да се реализира трансферот.

Милик сезонава реализира 10 гола на 12 настапи во Серија А, формата не му падна ниту по едномесечната пауза поради повреда. Моментално е еден од најдобрите играчи на италијанскиот вицепрвак, а со оглед на тоа дека му преостануваат уште 18 месеци од соработката со Наполитанците, и самиот може да притисне да се пресели на Островот и да го облече дресот на најтрофејниот англиски клуб.

- Оглас -

Најнови вести