Солскјер му „спушти“ на Клоп: Не ме интересира колку пенали се досудени за Ливерпул

Изјавата на Јирген Клоп дека Манчестер јунајтед за две години извел повеќе пенали од Ливерпул за 5,5 години, предизвика големо внимание, а по тој повод дојде и одговор од менаџерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер.

„Не бројам колку пенали се досудени за Ливерпул. Ако тие сакаат да си го губат времето со тоа дали ние ќе добиеме пенал, јас не го правам тоа. Можеби жалбите се само обид за влијание врз судиите“ – изјави Солскјер чиј тим идната недела може да избие на прво место на табелата во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести