Солскјер на чекор да сруши еден неславен рекорд на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи и загуби на гостувањето кај Вест хем со 2:0. Екипата на Оле Гунар Солскјер само потврдува дека нема сила да се бори не само за шампионската титула, но и тешко дека може да биде во Топ 4.

Уште на почетокот на сезоната, Црвените ѓаволи беа очајни. Во првите четири кола освоија само пет бода, што на „Олд Трафорд“ се нема случено уште од сезоната 1992/93. Во минатото коло беше победен Лестер, но кога се очекуваше екипата да влезе во победнички ритам, денеска следуваше ново разочарување.

Одбраната на Манчестер е очајна. Ова беше 11 меч на гости во сите натпреварувања на кои Јунајтед не успева да ја сочува мрежата. Ако продолжи во ист лош ритам, овој тим може да го сруши негативниот рекорд од 2002 година, кога од април до декември, Манчестер на 14 гостувања по ред примаше барем по еден гол.

- Оглас -

Најнови вести