Солскјер не троши нафта за ривалот Сити да нема пари: Почнав да купувам електрични автомобили!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на шега даде интересна изјава во врска со парите кои последниве години ги троши Манчестер сити за купување на играчи. Газдите на Сити се од Обединетите Арапски Емирати, и богатството го создадоа од продажба на нафта.

„Ние сме добро организиран клуб. Имаме многу навивачи и добри спонзори. Како тренер, секогаш сакам засилувања, и повеќе пати сум добивал негативен одговор од првите луѓе. Ние и Сити имаме различен бизнис модел на водење на клубот. Само ќе кажам дека почнав да купувам електрични автомобили“ – рече Норвежанецот.

Црвените ѓаволи летово купија двајца скапи играчи, Џејдон Санчо и Рафаел Варан, но и ривалите со богати газди не жалат пари. Сити утна англиски рекорд за Џек Грилиш, а сака да потроши уште повеќе пари за Хари Кејн. Челзи чиј газда истотака поседува нафтена компанија, го купи Ромелу Лукаку за над 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести