Солскјер: Не верував дека во мојот живот ќе видам како Фред дава гол

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, беше расположен за шегување по победата од 5-0 против Бриж во Лигата на Европа и кажа дека е шокиран што неговиот фудбалер од средниот ред, Фред, постигнал два гола. Фред беше прогласен за играч на мечот, а интересно е што тој немаше дадено гол уште од септември 2018 година. Паузата од една и пол година без гол ја прекина со два погодоци.

„Не бев сигурен дека во мојот живот ќе дочекам Фред да постигне гол. Тој имаше толку многу неуспешни обиди, а денеска даде по еден гол со лева и со десна нога. Ние се шегувавме со него, мило ми е што конечно го видов како дава гол“, рече синоќа Солсјкер.

- Оглас -

Најнови вести