Солскјер: Не заслуживме да ја поминеме групата

Поразот од Лајпциг од 2-3 значеше преселба на Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите во Лигата на Европа и тоа е голем кикс на Црвените ѓаволи, особено што тие добро почнаа и имаа две победи во првите две кола.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер смета дека неговиот тим не заслужил да се најде во осминафиналето на ЛШ.

„Се разбира, не можам да кажам дека игравме добро. Не заслуживме да ја минеме групата. Поразот во Истанбул имаше негативен ефект врз нас. Со жалење ќе се сеќаваме на тој меч, невозможно е како загубивме таму. Со Лајпциг бевме блиску до нерешено, но не можевме да направиме ништо со нафрлувања и со нафрлувањата на противникот“, изјави Норвежанецот, кој е цел на критики од фановите.

- Оглас -

Најнови вести