Солскјер: Нема подобар момент од овој за дуел против Ливерпул

По победата над Барнли, Манчестер јунајтед изби на прво место на премиерлигашката табела, нешто што им се немаше случено на Црвените ѓаволи уште од септември 2017 година, а во оваа фаза од првенството, во средината на јануари, не биле први уште од шампионската 2013 година.

Оптимизмот во клубот е на највисоко ниво, а менаџерот Оле Гунар Солскјер смета дека ова е идеален момент за битка против актуелниот првак и нивен лут ривал Ливерпул, кој е втор на табелата. В недела Ливерпул го пречекува Манчестер на „Енфилд“.

„Позицијата ни е перфектна. Се разбира следниот меч е против шампионите, тие играат многу добро во последните три и пол години, знаеме дека нема да биде лесно, но и ние ќе бидеме подготвени за дуелот. Можеби нема подобар момент од овој да се сретнеме против Ливерпул. Во добра форма сме и сакаме да продолжиме да победуваме. Момците се жедни за успех и ова е нов тест за нив. Тест за карактерот и квалитетот”, изјави Норвежанецот.

На 17 јануари во Ливерпул ќе играат клубови кои од 1973 година наваму заедно имаат 25 титули во Англија, но од 2009 наваму не се случило едните да бидат шампиони, другите втори.

- Оглас -

Најнови вести