Солскјер почна да ги мери играчите – Гомеш е низок и многу навреден, па ќе си оди од Манчестер јунајтед

Анхел Гомеш одигра дваесеттина минути за Манчестер јунајтед на последниот меч во сезоната против Кардиф, а веројатно тие ќе му бидат последни како играч на „црвените ѓаволи“ бидејќи најави заминување.

Тинејџерот има само 18 години, а е навреден од разговорот што го имал со Оле Гунар Солскјер. Според информациите што ги лиферуваа португалските медиуми, менаџерот на Манчестер јунајтед му рекол на талентираниот играч дека е премногу слаб физички и не е доволно висок за предизвиците во Премиер лигата.

Гомеш е висок само 161 сантиметар, а одговорот бил дека и Меси не е корпулентен, но е најдобар играч на светот.

Гомеш беше капитен на младите селекции на Англија до 16, 17 и 18 години и велат дека е екстраталент. Потекнува од Академијата на Манчестер јунајтед, а сега за него се интересираат Пари Сен Жермен и неколку шпански екипи.

- Оглас -

Најнови вести