Солскјер подготви листа на непотребни играчи во Манчестер

Раководството и стручниот штаб на Манчестер јунајтед подготвиле „црна листа“ од шестмина фудбалери на кои нема да сметаат во следната сезона. „Црвените ѓаволи“ подготвуваат голема реконструкција на тимот, ќе има и заминувања и доведување на нови играчи, особено во дефанзивниот дел.

Според тврдењата на англиските медиуми, прв кој би требало да си замине е Чилеанецот Алексис Санчес. Најскапиот играч во составот не покажа ништо посебно, напротив, тој е најголемо разочарување, неговото доведување беше чиста утка и тој прв ќе добие „шут-карта“.

Поголеми промени се очекуваат во одбраната. Се знае дека ќе си оди бекот Антонио Валенсија, а менаџерот Солскјер веќе не смета ниту на Матео Дармијан и Маркос Рохо. Тука не е крајот на играчите кои ќе бидат продадени. Тоа го чека и плејмејкерот Хуан Мата, кому му истекува договорот, а непотребен е и младиот Тимоти Фосу Менса.

Клубот планира да донесе еден квалитетен дефанзивец, а први на листата на желби им се Рафаел Варан, Калиду Кулибали и Самуел Умтити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести