Солскјер потврди дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигне врвен голгетер

Манчестер јунајтед се подготвува за големото дерби против Ливерпул, но веќе и размислува за нови засилувања во зимскиот преоден рок. Црвените ѓаволи потрошија 145 милиони евра пред почетокот на сезоната, но тоа се покажа дека е далеку од доволно да се создаде екипа која ќе биде конкурентна за висок пласман. По осум одиграни кола, Манчестер има само девет бодови и веќе заостанува 15 бодови зад Ливерпул.

Како прв на листата на играчи кои треба да пристигнат на „Олд Трафорд“ е Марио Манџукиќ. Тоа е докажан голгетер кој може многу да му користи на Солскјер. Откупната клаузула на Манџукиќ од Јувентус не би требало да е поголема од 15 милиони евра.

„Парите за засилувања во јануарскиот преоден рок веќе се подготвени. Интензивно работиме на доведување на играчи кои ни се потребни. Зимскиот преоден рок е тежок и специфичен, а ако на пазарот се најдат играчи кои ни се потребни и имаат поволна цена, нема да се мислиме дали да ги донесеме“, рече Солскјер, кој додаде дека има желба да доведе искусни играчи кои ќе донесат сигурност во тимот и ќе бидат од помош на помладите во тимот. Токму таков играч е Манџукиќ.

Интересно е што Хрватот во Јувентус заработува 4,5 милиони евра годишно, пари кои во Манчестер јунајтед Алекси Санчез ги добиваш за само шест недели, што е само уште една потврда дека овој трансфер е повеќе од поволен за англискиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести