Солскјер разочаран: Мислам дека Мегваер нема да игра против Вилјареал

Оле Гунар Солскјер смета дека неговиот капитен, Хери Мегваер, нема да закрепне до финалето во Лигата на Европа, во кое Манчестер јунајтед е фаворит против Вилјареал.

Дуелот е предвиден за идната среда и ќе се игра во Гдањск, во кој англискиот дефанзивец нема да настапи поради повредата на глуждот од левата нога.

„Ќе му дадам можност да покаже дали е физички подготвен дури до последниот тренинг пред финалето. Сепак, мислам дека Хари нема да биде 100% подготвен. Моментално може да оди, но далеку е од трчање. Секако, тој е големо значење за оваа екипа, па затоа ќе биде со тимот во Гдањск без разлика дали ќе игра. Како капитен ќе се погрижи секој од играчите да биде на врвно ниво за да го донесеме трофејот назад во Манчестер“, посочи норвешкиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести