Судиите му се криви на Солскјер: Примивме гол од офсајд

Оле Гунар Солскјер се пожали на судењето по денешниот пораз од Астон Вила од 0:1. Тренерот на Манчестер јунајтед смета дека гостите постигнале нерегуларен гол кој требало да биде поништен.

„Примивме нерегуларен гол кој беше постигнат од офсајд позиција и секако дека сум разочаран бидејќи немавме среќа со таа одлука. Не знам како ова е признат погодок, додека на Лестер му е поништен исти таков, очигледно е дека правилата не се за сите екипи исти.

Пред изведувањето на пеналот, неколку играчи на Астон Вила го опколија Бруно и го деконцентрираа, а судијата не им даде жолти картони, а тие го добија тоа што го посакуваа.

Секако дека два порази по ред лошо влијаат на тимот, но, знам дека овие момци ќе се борат максимално до крајот и на следниот, како и на сите останати натпревари до крајот на сезоната“ изјави Солскјер.

Наредниот меч, тимот од Манчестер го игра во среда, каде што за противник ќе го имаат тимот на Вилјареал во меч од второто коло од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести