Солскјер си пронајде нова работа – Ќе биде тренер на клуб исто така каде што беше и Сер Алекс

Оле Гунар Солскјер неславно ја заврши својата тренерска авантура во Манчестер јунајтед, но ако се гледаат моменталните резултати, јасно е дека проблемот не бил во Норвежанецот.

Оле неколку месеци одмораше, а се чини дека одморот заврши бидејќи шкотскиот тим Абердин го посакува во своите редови. Интересно е што своевремено, во периодот од 1978 до 1986 Сер Алекс Фергусон беше предводник, пред да замине во Манчестер јунајтед.

Се чини дека кариерата на Солскјер, пак, оди во спротивен правец од таа што беше на легендарниот тренер, па можеби и може да се очекува да остане на долг временски период во овој тим и да им парира на неприкосновените Глазгов Ренџерс и Селтик, кои се главни фигури во шкотскиот фудбал децении наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести