Солскјер: Сити моментно е веројатно најдобриот тим во Англија

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, беше разочаран од „ефтините” голови кои синоќа неговиот тим ги прими од Манчестер сити во дуелот од полуфиналето на Лига купот во Англија. Граѓаните победија со 2-0 и го елиминираа градскиот ривал, а Солскјер го пофали противникот за леснотијата со која дава голови.

„Манчестер сити во моментов е најдобриот тим во Англија и нормално е да ти даде гол. Но, да допуштиш вакви голови после елементарни грешки и стоење во статична положба, е разочарувачко. Не бевме доволно сконцентрирани во тие ситуации. Не создадовме добри шанси“ – анализираше Солскјер.

Норвежанецот смета дека немале психолошки проблем бидејќи губат четврто полуфинале по ред, туку налетале на посилен противник.

„Тие играа многу добро, а за да ги победиш, мора да бидеш одличен. Нас тоа ни фалеше. Сепак, ова е многу подобра верзија на Јунајтед отколку пред една година“ – смета Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести