Солскјер веќе го има првото засилување

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер веќе размислува за доведување на нови играчи во зимскиот преоден рок. Како прво можно засилување на „Олд Трафорд“ се споменува Џошуа Кинг од Борнмут. Напаѓачот сезонава има постигнато пет голови во Премиер лигата и се споменува како многу корисен играч кој би можел да се вклопи во Манчестер јунајтед.

Кинг ја игра четвртата сезона во Борнмут и е убедливо најдобар играч на тимот. Како младинец, Кинг има играно за Манчестер и тоа во периодот од 2008 до 2010 година. До 2013 година беше играч на „црвените ѓаволи“, но постојано беше даван на позајмица и нема ниту еден настап за најтрофејниот клуб во Англија во сениорска конкуренција.

Откако го докажа својот квалитет во Борнмут, може да се случи Манчестер уште следниот месец да го врати играчот кој бил дел од нивната школа.

- Оглас -

Најнови вести