Солскјер знае што му фали на Манчестер јунајтед – Манолас е блиску до „Олд Трафорд“

Костас Манолас е блиску до преселба од Рим на „Олд Трафорд“, а според британските медиуми Манчестер јунајтед веројатно ќе ја плати отштетната клаузула од 36 милиони евра, што грчкиот репрезентативец ја има во договорот со Рома.

Манолас е еден од најдобрите стопери во Серија А, игра одлично во континуитет и јасно е зошто Оле Гунар Солскјер сака да го види на „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед има многу мака во дефанзивата, па очекувано е да се купи еден, можеби и два стопери за да се врати на старите патеки на успехот.

 

- Оглас -

Најнови вести