Солзите на Суарез по дуелите со Гана: Пред 12 години плачеше од среќа, денеска од тага (Фото)

Репрезентацијата на Уругвај, доцна се разбуди и во последното на Мундијалот во Катар дојде до триумф, но и покрај тоа до последниот свиреж на судијата беше во игра за пласман во осминафиналето.

Уругвајците со 2:0 ја совладаа Гана, но победата на Јужна Кореја над Португалија од 2:1 и тоа со гол во судиското продолжение, ги испрати јужноамериканците дома поради дадени повеќе голови. На Уругвај му беше потребен само уште еден гол, но не успеа да го совлада по трет пат  Лоренс Ати-Зиги.

По натпреварот против Гана, највпечатлива слика беа солзите на напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез. Тој не можеше да ги запре солзите поради неуспехот, а оваа слика е слична на таа од пред 12 години, исто така по дуелот со Гана.

На СП 2010 година што се одржа во Јужна Африка, Уругвај во четвртфиналето по подобро изведување на пенали ја совлада Гана, а Суарез беше херој на Урусите. Тој во судиското продолжение, играјќи со рака од сопствената гол линија спречи победа на Гана. Суарез за својот потег доби црвен картон, но Гана не го реализираше пеналот, а по мечот напаѓачот плачеше од среќа.

Денеска, Суарез исто така плачеше, но овој пат од тага.

 

- Оглас -

Најнови вести