Сомнителен меч во Хрватска меѓу српски тим и клуб од Словенија: Се знаело колку гола ќе има во првиот дел? (Видео)

Словенечкиот прволигаш Горица со убедливи 4:0 ја победи Колубара, а пријателскиот меч сега е предмет на истрага за можна „местенка“. Горица по брза постапка сите четири гола ги постигна во првото полувреме, а сомнежот започна откако голем број обложувалници ги поништија коефициентите за овој дуел. На социјалните мрежи се шпекулира дека дури се појавила и порака која насочува да се одигра на уплата на голови, и тоа „Горица постигнува два или повеќе голови во првото полувреме“.

Интересно е дека Горица поведе со гол во третата минута, во осмата минута веќе беше 2:0, а по 14 минути игра резултатот беше 3:0 за словенечкиот клуб.

Околку целиот случај се огласи и првиот човек на професионални фудбалери во Србија, Мирко Поледица, кој е поранешен фудбалер. Тој повика Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) да спроведе итна истрага за регуларноста на овој меч.

На снимката која Поледица ја сподели на личниот твитер-профил, тој покажува и два од четирите гола на Горица на кои голманот на Колубара и одбраната на овој тим делуваа аматерски.

- Оглас -

Најнови вести