Сон договор за Сон – Тотенхем му нуди на Јужнокореецот 57 милиони евра за пет години

Хјунг-Мин Сон има одлична понуда од Тотенхем да го продолжи договорот за уште пет сезони за вкупна сума од 57 милиони евра.

Јужнокореецот стандардно игра одлично за Спарс, но сезонава блеска со девет гола на 8 меча и што е посебно импресивно игра брилијантно во тандем со првата ѕвезда на тимот Хари Кејн.

Сон има важечки договор со клубот од Лондон до 2023 година и ако ја прифати новата понуда ќе заработува двојно повеќе, односно ќе има неделна плата од 220 илјади евра.

Со 7 гола Сон е прв стрелец во Премиерлигата, а има и две асистенции. Со него на врвот е и шпицот на Евертон Калверт Луин, кој истотака има постигнато 7 гола на стартните пет меча во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести