Сон имал непријатен почеток на отслужување на воениот рок, никој не разговарал со него

Корејската ѕвезда на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, паузата во Премиер лигата ја искористи за да го отслужи задолжителниот воен рок во својата родна земја. Воениот рок во Јужна Кореја трае минимум 18 месеци, но за заслужни спортисти кои придонеле со освојување на златен медал (ги освои Азиските игри во 2018 година) има попуст, па Сон во касарна мина само три недели.

Сон се врати во Лондон и раскажа за своето искуство како војник.

„Беше добро искуство. Не смеам да зборувам што правев таму, но уживав. Трите недели беа напорни, но се обидував да уживам. Не знам како им беше на другите, но мене тие три недели ми беа многу долги“, вели Сон.

За односот со другите војници, Сон рече дека биле љубезни кон него, но првите денови држеле дистанца од него.

„Првиот ден не познавав никого, па беше малку чудно, но почнавме да се запознаваме и повеќе време да минуваме заедно. Кога сте во соба со 10 луѓе, станувате блиски. Си помагавме еден на друг, тоа беше супер. Првите два дена момците воопшто не разговараа со мене, но потоа почнаа и да се шегуваат. На крај, сите уживавме во друштвото. Ми недостасуваа колегите од Тотенхем, мило ми беше кога пак ги видов. Со нив минувам повеќе време отколку со семејството, бев среќен кога ми приредија емотивно добредојде“, изјави Сон.

- Оглас -

Најнови вести