Сон одлежа „жолтица“ и веднаш доби црвен картон

Хјунг Мин Сон само што ја прележа „жолтицата“ и се врати на терен, веднаш доби црвен картон и е исклучен на мечот со Борнмут.

Во 40. минута Јужнокореецот постапи неспортски, удри противнички играч и заработи исклучување, па Тотенхем во второто полувреме ќе игра со фудбалер помалку.

По првото полувреме нема голови, а мечот е значаен за Тотенхем во битката да се задржи третото место, кое води во Лигата на шампионите.

Сон не играше на првиот меч со Ајакс во Лондон, а Тотенхем загуби со 0:1, но ќе биде подготвен за реваншот во обидот со неговиот тим да се пласира во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести