Сон: Татко ми не дозволува да се оженам додека играм фудбал

Многу фудбалери во текот на играчката кариера се женат и формираат семејство, но корејската ѕвезда која игра за Тотенхем, Сон Хеунг-мин, не размислува во тој правец и има поинакви сфаќања за животот.

Сон кој пред неколу месеци беше на отслужување на воениот рок и ја мина само обуката во родната Јужна Кореја, не открива многу детали за приватниот живот. Имаше шпекулации дека е во врска со актерката Ју-Со-јанг, која е поранешна членка на една корејска поп-група, но 28-годишниот фудбалер и девојката не може да ги видите заедно на јавно место.

Сон има 28 години и најави дека планира да се повлече на 33, што значи дека во следните минимум пет години, тој нема да стапи во брак. И за најавата дека ќе престане да игра релативно млад, на 33 години, кога многумина на таа возраст се во врвот на формата, предивикува чудење.

„Татко ми ми даде некои совети, и јас се согласувам со него. Тој ми вели дека кога ќе се оженам, мора семејството да ми биде на прво место. Прво жената и децата, потоа фудбалот. Додека играм на високо ниво, сакам да бидам сигурен дека фудбалот ќе ми биде на прво место. Никогаш не се знае колку долго може да играте на највисоко ниво. Кога ќе се повлечам на 33 или 34 години, тогаш ќе имам можност да уживам во животот со семејството. Сега уживам во фудбалот“ – вели Сон.

- Оглас -

Најнови вести