Соништата се остваруваат, прашајте го Фоден (фото)

Манчестер сити трета година во низа го освои Лига купот на Англија откако Граѓаните вчера на „Вембли“ триумфираа со 2-1 против Астон вила. За играч на мечот беше избран младиот талент Фил Фоден, кој ги одигра сите 90 минути и асистираше при првиот погодок на неговиот тим, а го постигна Агуеро.

По мечот, Фоден се огласи преку својот твитер-профил сакајќи да каже дека соништата се исполнуваат и притоа објави фотографија како се радува заедно со Агуеро. Во 2012 година Фоден имаше само 11 години кога Сити ја освои титулата во Премиер лигата по пауза од половина век. Сите се сеќаваат на голот на Агуеро против КПР во судиското надополнување за конечни 3-2, по што еруптираше целиот „Етихад“.

Осум години подоцна, Фоден му асистираше на Аргентинецот во меч за трофеј.

- Оглас -

Најнови вести