Сонцата лесно ќе излезат на крај со студената Минесота

8380 Бостон селтикс – Вашингтон визардс (01.00 часот)

Тимот од Вашингтон почна да „крева глава“, има четири победи на последните пет натпревари. Селтикс е во променлива форма. Овие два тима двапати играа сезонава еден против друг, ова им е трети дуел, а на првите два победуваше тој што беше домаќин (по еднаш Селтикс и Визардс). Пред две недели, Вашингтон славеше со 104-91, но во последните мечеви двата тима често играат ефикасни мечеви со дадени и примени над 110 поени.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

8381 Торонто репторс – Чикаго булс (01.00 часот)

Канадскиот тим има 17-17, а Чикаго е на 15-17, што значи дека станува збор за пресметка на две изедначени екипи. Иако на домашните мечеви на Репторс има и публика, додуша во ограничен број, Торонто не е многу опасен домаќин. Овие два тима не се сретнале еден против друг уште од февруари минатата година, кога Торонто победи со убедливи 129-102. Кај Биковите, отсуствуваат повредените Портер и Марканен.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

8476 Лос Анџелес лејкерс – Голден Стејт вориорс (02.00 часот)

Леброн Џејмс уште од времето кога го носеше дресот на Кливленд, има големо ривалство со Голден стејт, и за него и сега, кога е во Лејкерс, мечевите со Вориорс се многу важни. Џејмс сигурно ќе сака да ги уништи Воините, но тоа може да го направи и со трипл-дабл ефект, не мора да форсира шут. Леброн има повреда и не се знае дали ќе игра. Ако се појави на терен, типуваме на минус поени. Голден стејт има три победи по ред, а Лејкерс само што прекина црна серија и сега ќе сака да тргне во победнички поход.

Предлог тип: Леброн Џејмс <28.5 (1.95)

 

8392 Мајами хит – Атланта хокс (02.00 часот)

Мајами е во одлична победничка серија, има пет триумфи едноподруго, и секако е фаворит. Атланта ретко победува на гости, а Јастребите не може да се пофалат и со некои блескави резултати на гостувањата во Мајами. Атланта не славела во Мајами од ноември 2018 година, а нивната последна посета во Мајами во декември 2019 година, заврши нерешено, по што Жешките победија по продолжение.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

8397 Минесота тимбервулфс – Феникс санс (03.00 часот)

Тука огромен фаворит е Феникс кој игра одлично (14 победи на последните 17 меча) и ефикасно. Минесота е беспомошна, доби само еден од последните 12 меча, заглавена е на последното место на Западот, има само седум победи сезонава, за разлика од Санс кој има 21 и може да ја уништи лошата одбрана на Шумските волци. Овие тимови не играле меѓусебе уште од 10 декември 2019 година, а Минесота не го победила Феникс од јануари 2019 година.

Предлог тип: 2-2 (1.53)

- Оглас -

Најнови вести