Сонцата му подготвуваат отказ на Пол, не сакаат да му платат 60 милиони долари во следните две сезони

Феникс санс планира да го раскине договорот со олстар-бекот Крис Пол, објави новинарот на телевизијата Ти-ен-ти, Крис Хајнс.

Сонцата со отпуштањето на Пол планираат да заштедат голема сума пари бидејќи според актуелениот договор, кошаркарот за идната сезона треба да добие 30,8 милиони долари, а иста сума и за сезоната 2024/25.

Тие планираат да го отпуштат Пол до 28 јуни и со тоа да ја активираат клаузулата според која се должни да му платат само 15 милиони долари за следната сезона, а ќе се обидат повторно да потпишат договор со него.

Доколку успеат во таа намера, Сонцата тие 15 милиони долари би му ги исплаќале на Пол во наредните неколку сезони и со тоа ќе направат простор во „селари капот“ за да можат да ги задржат останатите големи ѕвезди во тимот, Кевин Дурант, Девин Букер и Деандре Ајтон.

Доколку не најдат заеднички јазик, постои опција Феникс да го размени Пол, и тоа во една од екипите од Лос Анџелес кои пројавуваат интерес за неговите услуги иако има 38 години.

- Оглас -

Најнови вести