Сонце ги огреа Наполи и Елмас во дербито на сончевата страна на Италија

Наполи ја победи Рома во сончевото дерби на Италија со двата гола на Дријс Мертенс во првото полувреме и се зацврсти на третата позиција пред големиот ривал што успеа вечерва да го надигра по четврти пат на последните пет меѓусебни дуели.

Популарното „Дерби Дела Соле“ почна извонредно за Наполи, а тмпо диктираше најдобриот стрелец во историјата на клубот. Мертенс постигна два гола за 7 минути во првиот дел и ги реши сите дилеми околу победникот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше резерва, а доби шанса да игра од 73. минута, кога го замени Зјелински.

Наполи може да се пробие до позициите што водат во Лигата на шампионите, дури да биде и на третото место на табелата, ако го победи Јувентус во заостанатиот меч што требаше да се игра лани во ноември.

- Оглас -

Најнови вести