Сонце на плоштадот и „окупација“, Англичаните се сликаат со Александар, наши деца го чекаат Кејн (Фото)

За разлика од Кејот, кој е под сенка и таму е постудено, на плоштадот „Македонија“ е сончево време и дел од Англичаните решија таму да ги пијат своите пива и да се фотографираат со спомениците.

Секако најинтересен им е „Александар Македонски“ со своите лавови и Фалангата, па не ја пропушаат шансата да се фотографираат со овој монументален споменик во срцето на Скопје.

Не се само англиските фанови присутни на плоштадот. Има и македонски момчиња кои трпеливо чекаат пред хотелот „Мериот“, во кој се сместени англиските фидбалери, со надеж дека ќе ги фотографираат при излегувањето кон автобус или дека ќе добијат автограм од некоја од ѕвездите предводени од Хари Кејн.

- Оглас -

Најнови вести