Сопругата на Михаел Шумахер откри: Тој имаше дилема дали да скијаме или да одиме во Дубаи

Како се приближува датумот (15-ти септември) на премиерата на филмот за Михаел Шумахер, така во јавноста се објавуваат детали од продукцијата на „Нетфликс“ која го изработи документарецот.

Седумкратниот шампион во Формула 1, пред инцидентот во Мерибел на 29-ти декември 2013 година кога падна и главата ја удри во карпа покриена со снег, како да почувствувал дека може да му се случи нешто лошо. Тој видел дека снегот не е идеален. После падот, Шумахер долго време беше во вештачка кома, имаше операции на мозокот, а германската возачка легенда седум години е на домашно лекување и много малку се знае за неговата состојба.

„Снегот не е идеален за спуштање. Треба да си одиме и да заминеме во Дубаи“ – рекол Михаел малку пред катастрофата. Ова го открива неговата сопруга Корина.

„Не го обвинувам Господ, едноставно тоа беше лоша среќа. Сега живееме заедно дома, се грижиме за него и правиме се што треба за Михаел да ја почувстувва нашата семејна сплотеност и љубов. Секој ден ми фали некогашниот Михаел. На сите ни фали тој Михаел. Дотогап тој беше нашиот ангел чувар, сега ние внимаваме на него“ – вели 52-годишната Корина пред камерата.

Во документарецот, не се зборува конкретно за здравствената состојба на Шуми.

 

- Оглас -

Најнови вести