Сопственикот на Милан имал луда идеја, сакал Ѓоковиќ да биде дел од стручниот штаб

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, сериозно размислувал да го ангажира Новак Ѓоковиќ во стручниот штаб на тренерот Стефано Пиоли, објави весникот „Ла Република“.

Според весникот, Кардинале сакал Ѓоковиќ кој е голем навивач на Милан и секогаш кога има можност ги следи мечевите на „Сан Сиро“, да им помогне на фудбалерите со мотивациски говори.

Но, во изминатите неколку месеци не дошло до средба меѓу Ѓоковиќ и Кардинале, по што пропадната оваа идеја на сопственикот на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести