Сосема заслужено: Ливерпул ќе му ја зголеми платата на Ван Дајк за двојно

Ливерпул планира да го врзе Вирџил Ван Дајк со нов, повеќегодишен договор според кој ќе му се зголеми платата на Холанѓанецот за двојно. Ван Дајк потпиша пет и полгодишна соработка со Црвените по реализираниот трансфер од Саутхемптон во јануари 2018 година, кога стана најскап дефанзивец на светот за 75 милиони фунти. Со тој договор има загарантирана неделна плата од 125.000 фунти, а Ливерпул ќе го награди со 250.000 фунти седмично.

Холанѓанецот се етаблираше како клучна фигура во составот на Јирген Клоп, а резултатите излегоа на виделина по освоената титула во Лигата на шампионите, како и мртвата трка за англискиот престол со Манчестер сити во изминатата сезона. Ван Дајк претходно годинава ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата, и тој е прв дефанзивец по 14 години кој се закити со ова одличје.

Добрите игри го сместија во потесниот избор за најпрестижната индивидуална награда на ФИФА, додека Ван Дајк исто така е во топ 3 изборот за Златната топка на „Франс фудбал“.

- Оглас -

Најнови вести