Сосиедад со иновативен начин како да се одбраните од слободен удар на Меси (Фото)

Кога ќе се изгорите, после дувате и на ладно. Така и Реал Сосиедад откако прими гол од слободен удар од Лионел Меси во претходниот меч, сега сакаше да не се повтори тоа и за вечерва во мечот кој го загубија на контроверен начин, смислија интересна тактика. Тренерот Иманол им нареди на сите свои 11 играчи да бидат зад топката.

Во живиот ѕид кој стоеше на 9 метри од топката, имаше само тројца играчи. Но, затоа по еден играч имаше до двете стативи, голманот остана на гол-линија, а и околу петерецот стоеја четири играчи на гостите. Практично сите приоди кон голот беа затворени, дури и мајсторот а слободни удари, Меси, не можеше да најде слободен простор и неговиот шут беше изблокиран од одбраната.

Останува да се види дали и следните противници на Барса ќе ја применат истата ваква тактика кога ќе треба да се бранат од слободните удари на Меси. Аргентинецот има серија од 20 изведени слободни удари без да даде гол, но веројатно првпат се сретна со ваква ситуација еден тим да се брани со сите 11 фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести