Сосиедад заврши голема работа, успеа да ја задржи шведската сензација

Реал Сосиедад официјално ја продолжи соработката со Александер Исак, младиот шведски голгетер кој на одличен начин се претстави на Европското првенство.

Според новиот договор, Исак ќе остане во Сан Себастијан најмалку до јуни 2026 година, потег со кој Сосиедад го тргна Исак од гигантите грабливци кои го таргетираа младиот напаѓач како потенцијален ангажман ова лето.

Исак минатата сезона во Ла Лига забележа 17 погодоци во 34 меча, а неговиот трансфер на „Аноета“ од редовите на Дортмунд чинеше само 15 милиони евра. Инаку на ова ЕП, Исак не успеа да се запише во листата на стрелци, па неговиот настап заврши во осминафиналето по елиминацијата на Шведска од Украина.

https://twitter.com/RealSociedadEN/status/1410614541092675593

- Оглас -

Најнови вести