3004 Фиорентина – Аталанта (20:45 ч.)
Меч од последното коло во Серија А, каде што Фиорентина е спасена и не може да испадне, а Аталанта ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.
Двете екипи имаат одбрани кои не се прославија сезонава и сигурно во последното коло нема ништо посебно да се промени. Тоа значи дека треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња, а може и на двете страни.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)
3142 Хајдук – Вуковар (18:15 ч.)
Нема друг план освен тоа Хајдук на свој терен со победа да ја заврши сезоната во која заврши на второто место. Вуковар е тим кој веќе е испаднат од лигата и ова ќе биде една формална пресметка.
Хајдук победи на сите претходни шест дуели против Вуковар во првенството и сега се очекува фаворитот без многу проблеми лесно да стигне до убедлив триумф.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.84)
3171 Приморје – Целје (20 ч.)
Целје веќе ја обезбеди титулата во првенството на Словенија и во последното коло на гости кај Приморје ќе има шампионско славење. Приморје е на претпоследното место на табелата и ќе игра бараж за спас во елитата, што значи дека овој меч денеска не им е главен фокус.
Предлог тип: 2-2&2+ (2.07)
1731 Ленс – Ница (21 ч.)
Овој меч е финале на Купот во Франција, што значи дека еден трофеј нема да заврши во витрините на ПСЖ. Ленс имаше блескава сезона и до претпоследното коло беше во трка за титулата во првенството, но не можеше до крај да им парира на Светците.
Ленс сега ќе има шанси да освои трофеј во Купот, но и Ница има свои калкулации. Традицијата кога играат овие две екипи вели дека седум од последните осум меча завршиле со не повеќе од два гола.
Предлог тип: 1&0-3 (2.35)
3132 Црвена ѕвезда – ОФК Београд (20 ч.)
Во претходниот меч на свој терен, Црвена ѕвезда изненадувачки загуби од Нови Пазар со 1:2, па ќе биде вистински луксуз за шампионот да дозволи втор кикс по ред на „Рајко Митиќ“. ОФК Београд без никаков притисок ќе гостува кај првакот.
Неверојатна е традицијата која вели дека четири од последните пет дуели на овие ривали завршиле со 7+ погодоци, а секогаш победуваат Црвено-белите (3:4, 7:1, 5:2, 5:3).
Предлог тип: 5+ (1.74)

