Совршен тренер? Комбинација од Клоп и Гвардиола

Кога Роберт Левандовски пристигна во Дортмунд во 2010 година, тој се обложил со тогашниот тренер на Милионерите Јирген Клоп дека ќе добива по 50 евра доколку реализира по 10 гола на тренинзите. Со таа кладба Јирген му помогна на Полјакот да го крене нивото како напаѓач.

„На првиот тренинг постигнав три или четири гола, потоа давав по седум-осум. По три месеци можев да давам по 10 гола на секој тренинг, а Клоп ми кажа дека тоа многу го чини и повеќе не сака да се клади. Така ми помогна да ја подобра мојата игра, навистина е неверојатен тренер. Што и да ви каже треба да му верувате“, вели Левндовски.

Роберт потоа призна дека многу созреал и под палката на Пеп Гвардиола, додека Шпанецот седеше на клупата на Баварците.

„Со Пеп многу разговарав околу тактиката. Знаев дека така ќе научам многу и навистина ми помогна да созреам. Јирген и Пеп се сосема различни стратези, а ако ги споиме двајцата би добиле совршен тренер“, додаде Левандовски.

Полскиот бомбардер е во животна форма, оваа сезона постигна 38 погодоци на вкупно 32 меча во сите натпреварувања и е во конкуренција за Златната копачка во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести