Совршено попладне за Арсенал, се омрсија и Црвените ѓаволи (Видео)

Арсенал го победи Барнли со 3-1 и сега има 27 бодови, исто колку и лидерот Манчестер сити, а го прескокнаа лутиот ривал и лондонски сосед Тотенхем.

Првиот гол за Топчиите го даде Леандро Тросар, и тоа беше јубилеен 1.000-ти гол на стадионот „Емирејтс“ во сите натпреварувања, а прв на Тросар во кариерата постигнат со глава.

Тесна победа од 1-0 извојува Манчестер јунајтед против Лутон. Стрелец беше Виктор Линделоф, негов прв гол од 2020 година наваму, а и претходниот пат кога погоди, тогаш против Лидс, тоа беше гол за победа. Линделоф четири години немаше дадено гол на „Олд Трафорд“.

Тимовите од Манчестер се единствените сезонава во Премиер лигата кои уште немаат играно нерешено.

Драма имаше на мечот Кристал палас – Евертон кој заврши со победа на гостите од 3-2, победничкиот гол падна во 86-та минута, а стрелец беше Идриса Геј за кого тоа е прв гол од септември 2021 наваму и прв во дресот на Евертон.

Најубав од головите на Арсенал беше третиот на Зинченко, погледнете го:

- Оглас -

Најнови вести