СП ракомет: Дали домаќините ќе имаат предност во битката за влез во финалето?

Главната битка за поделба на медалите на Светското ракометно првенство започнува денеска. На програмата се двата полуфинални дуели. Домаќините Германија и Данска одат според планот и се меѓу најдобрите четири селекции на турнирот. Очекувано, тука е и Франција, која е бранител на тронот, а место си обезбеди и Норвешка.

Први на мегдан ќе бидат Данска и Франција, а според многумина тоа е меч кој е финале пред финалето. Данска е единствената селекција која реди само победи на Мундијалот, но Франција е селекцијата која е како претплатена за златото на последните собири. „Галските петли“ се актуелни планетарни владетели, а до златото стигнуваа на четири од последните пет светски турнири.

Во вториот меч, Германија сигурно ќе има поддршка од повеќе од 10.000 навивачи во дуелот против Норвешка. „Панцерите“ имаа и повеќе време да се одморат, ако се знае дека уште во претпоследното коло сигурно беа во полуфиналето, додека Норвешка стравуваше до последен момент од групната фаза.

Во последниве две години овие селекции одиграле само еден пријателски меч и Норвешка победила со 30:25. Сепак, сега сигурно ќе биде многу поинаку. Германија ја има улогата на фаворит.

 

- Оглас -

Најнови вести