Спалети бесен: Отказ ќе добијам поради судиите

Интер вчера испушти бодови на „Артемио Франки“ во ремито со Фиорентина (3-3) со контроверзниот пенал во корист на домаќините досуден во 11-тата минута од судиското надополнување. Тренерот на „нераѕурите“, Лучијано Спалети, смета дека поради вакви судиски одлуки може да добие отказ, а никако не ја прифаќа одлуката на арбитерот Росарио Абицо и дека топката го удри Д‘Амброзио во градите, а не во раката.

„Нема сомнежи, нема ‘но’, нема ‘можеби’. Јасно е како ден, топката го удри во градите, а не во раката. Многу убаво се гледа, сите го видоа истото што и јас, но не и судијата. Клубот од мене бара резултати, а како да ја водам екипата да ги оствари кога судиите ни одземаат чиста победа. Сега ќе се појават шпекулации дека моето работно место е загрозено, дека управата ќе бара замена бидејќи Интер со мене не може да оствари посакувани резултати, а ваквите натпревари се клучните резултати кои тие ги бараат“, истакна Спалети.

Интер по забележаното петто реми во Серија А, има 47 бода и се наоѓа на третото место на табелата, со два бода повеќе од градскиот ривал Милан. Во следното коло го очекува ново гостување, овојпат кај Калјари, а средбата ќе се одигра во првиот ден од март.

- Оглас -

Најнови вести