Спалети: Икарди е ѕвер!

Интер повторно издвои победа во Лигата на шампиони откако се најде во негатива и против ПСВ. Со голот на Икарди за 2-1, „нераѕурите“ од Холандија заминаа со цел плен, а Аргентинецот тоа го направи и против Тотенхем во првото коло – реализираше гол за сите три бода. Тренерот Лучијано Спалети имаше само пофалби за капитенот на неговата екипа.

„Задоволен сум како одговоривме на примениот гол, не паднавме психички. Повторно покажавме карактер, желба да победиме иако бевме во незавидна ситуација. Мора да го пофалам Најнголан, одигра одличен меч. Мило ми е што гледам дека повторно игра на високо ниво, откако не можеше да се истакне во целост на почетокот на сезоната поради што се справуваше со повреда. За Икарди нема потреба да зборувам, тој е ѕвер. Нема слабости во реализацијата, едноставно е перфектен, очекувам уште повеќе од него“, изјави Спалети по натпреварот.

По две кола во групата Б, Интер и Барселона имаат максимални пет бода, додека Тотенхем и ПСВ за првите бодови ќе се борат меѓу себе во следното коло.

- Оглас -

Најнови вести