Италијанскиот селектор Лучијано Спалети е под голем удар на јавноста поради лошиот настап на Аѕурите и елиминацијата во осминафиналето на ЕП 2024 година. И покрај неуспехот, Спалети ја доби довербата од челниците на италијанската фудбалска федерација и тој ќе биде на чело на националниот тим во квалификациите за пласман на СП 2026 година.
Како една од главните причини зошто Италија не ја одбрани титултата освоена пред три години, селекторот го наведе раното освојувањето на титулата на Интер во Серија А. Според предводникот, фактот дека Интер го освои Скудетото уште во април, било причина за голем репрезентативците кои играат за Нераѕурите да не бидат целосно подготвени за настап на овој турнир.
„Интер многу рано ја освои титулата. Тогаш се уверив дека се професионалци, затоа што играчите продолжија да тренираат. Бевме во контакт, но фудбалерите во подсвест беа неспремни за настап кога толку рано ја освоија титулата“, вели Спалети.
Дури пет играчи од Интер беа дел од селекцијата на Италија и на нив требаше да се базира играта на Аѕурите, но на крајот тимот на Спалети едвај ја помина групната фаза, а вчера со 2:0 загуби од Швајцарија во осминафиналето.