Спалети на први септември ќе го објави списокот на Аѕурите за гостувањето во Скопје

Новиот италијански селектор, Лучано Спалети, на први септември ќе го објави списокот на фудбалери кои ќе ги повика за настап на гостувањето против Македонија во Скопје на деветти септември, во меч од квалификациите за ЕП 2024.

Спалети на прес-конференцијата закажана за втори септември ќе биде официјално претставен како селектор и ќе го објасни изборот од списокот на кој можеби ќе има и изненадувачки имиња.

Инаку, иако имаше шпекулации дека можеби средбата ќе се игра некаде надвор од Македонија, тоа дефинитивно нема да се случи, дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, на која се надеваме дека теренот ќе биде во добра или барем солидна состојба.

ФФМ уште нема објавено по која цена ќе бидат билетите за овој спектакл, а за италијанските фанови цената на билетите за источната трибина ќе биде 12 евра (740 денари).

- Оглас -

Најнови вести