Спалети: Не знам уште колку бодови ни требаат за титула, слаб сум со математиката!

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, свесен е дека неговиот тим е блиску до титула во италијанската Серија А, но не се преоптоварува со математики. Утре Наполи игра дерби со Рома, и целта е нови три бода.

„Тоа ќе биде голем меч, на кој може да уживате и во тактика и во индивидуални потези. Ние не зависиме од резултатите на другите тимови и тоа е добро. Сега не е момент да зборуваме за титула. Не можам да избројам колко бодови ни требаат за Скудето. Не сум добар во математиката и можам да правам само прости пресметки: ако победиме утре, ќе имаме 53 бодоиви“ – рече Спалети.

- Оглас -

Најнови вести