Спалети потврди: Ако има пенал за Италија, ќе го шутира Жоржињо

Откако Жоржињо самиот кажа дека би презел одговорност да шутне пенал ако има такво нешто на мечот со Македонија, и селекторот Лучано Спалети потврди дека ако судијата досуди најстрога казна, шутот од белата точка ќе го изведе плејмејкерот на Арсенал.

„Имаме тројца добри изведувачи на пенали. Според цврстината на карактерот, би очекувал Жоржињо да го шутне. Тој е специјалист за пенали, сигурен сум дека нема да се повлече“ – рече Спалети.

Инаку, Жоржињо утна пенал на мечот со Швајцарија во Рим од квалификациите за СП 2022, и тоа се покажа како кобно за Италијанците кои потоа мораа да играат бараж и во баражот беа шокирани од Македонија. Вечерва на стадионот на кој Жоржињо можеше да ја однесе Италија на Мундијалот во Катар, ќе гостува за нив традиционално незгодната Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести