Спалети: Сакаме да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, изјави дека сака неговиот тим да триумфира во Лигата на шампионите. Наполи на 21 февруари, во првиот осминафинален натпревар во ЛШ ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.

„Имаме намера да триумфираме во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да постигнеме нешто поради навивачите, мора да бидеме горди на љубовта која ни ја даваат Наполитанците“, изјави Спалети.

Наполи игра одлично сезонава, надмоќно го освои првото место во групната фаза во ЛШ, а се наоѓа и пред освојувањето на титулата во Серија А. Тимот на Елмас по 21-вото коло во Серија А е лидер на табелата со 56 бода, додека второпласираниот Интер има 13 бода помалку. Во последниот меч, вчера, Наполи славеше со 3:0 на гости кај Специја.

„Специја подготви добра тактика, не пристина на средината на теренот и ни остави мал простор за игра. Не можевме да го пронајдеме истиот ритам каков што го имавме на претходните натпревари“, додава Спалети.

- Оглас -

Најнови вести