Спалети: Само некомпетентни велат дека ова е добра ждрепка, Милан е фаворит!

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, не мисли дека имале поволна ждрепка во Лигата на шампионите, иако до финале ги избегнаа Манчестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

„Повеќе сакав да избегнеме дуел со италијански екипи. Слушнав коментари дека сме имале добра ждрепка, но така кажуваат некомпетентни. Милан има седум титули во ЛШ, втори се зад Реал Мадрид. Затоа Милан е фаворит, покрај тоа, го елиминира Тотенхем, кој не е лош тим“, рече Спалети.

 

 

- Оглас -

Најнови вести