Спалети заминува од Јувентус, ако клубот не обезбеди пласман во ЛШ

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, е подготвен да поднесе оставка доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите, иако само пред неколку недели потпиша нов договор до летото 2028 година.

Според пишувањето на „Ла Стампа“, односите во клубот не се идеални, а постојат тензии помеѓу Спалети и спортскиот директор Дамиен Комоли. Ситуацијата наводно е толку сериозна што иднината на тренерот може да зависи од одлуката на сопственикот Џон Елкан, кој би можел да избира меѓу двете страни.

Јувентус во еден момент беше блиску до обезбедување место меѓу првите четири, но по поразот од Фиорентина со 0-2, падна на петтата позиција, израмнет со Комо.

Во последното коло од сезоната, на Старата дама ѝ е потребна победа во градското дерби против Торино, но и да се надева дека барем еден од конкурентите, Рома или Милан, ќе киксне.

Според „Ла Стампа“, Спалети е подготвен да си замине доколку не се исполни главната цел за сезоната. Сепак, постои и сценарио во кое управата на Јувентус би ја одбила неговата оставка и би се обидела да го задржи, но со поголеми овластувања во спортските одлуки.

- Оглас -

Најнови вести