Спас во вистински час за Калчото – Серија А ги продаде ТВ-правата, за три години ќе инкасираат една милијарда евра

Спас во вистински час стигна за италијанското Калчо, или Серија А, како што е познато најквалитетното фудбалско натпреварување на Чизмата, а телекомуникацискиот гигант ТИМ и познатиот сервис за стриминг ДАЗН заедно понудија околу една милијарди евра за ТВ-правата во период од 2021 до 2024 година.

Тоа би значело дека секоја година италијанските прволигаши би можеле да сметаат на приходи од околу 340 милиони евра до 2024 година.

Договорот меѓу двете компании беше брзо постигнат и се очекува само официјално да се потпише договор со раководството на Серија А.

Ова доаѓа како џекпот во услови на пандемија со ковид-19, кога драстично паднаа приходите на клубовите.

Се игра долг период без публика, или со ограничен број гледачи, нема приходи од влезници, помалку се инкасира и од маркетинг, потоа и од продажба на дресови, клупски сувенири, што ги доведе грото од клубовите во Италија на работ на амбисот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести