Спасот за опстанок го гледаат во фудбалер кој има 140 килограми!

Најдобриот фудбалер на клубот Сокол од Соколовац во Хрватска се вика Нино Адамиќ, има 32 години, висок е 182 сантиметри и тежок е – 140 килограми!

Адамиќ не е во кондиција како некогаш, но кога го повикаа од клубот да се врати и да им помогне во борбата за опстанок во третата жупаниска лига, тој без размислување прифати. Во клубот го споредуваат со Нико Крањчар и Роберт Просинечки, бидејќи дава прецизни топки, како што жаргонски се вели, „со очи“. И бројот 19 на грбот го носи затоа што некогашната 19-ка на Хрватска, Крањчар, е негов идол.

„Со фудбал почнав да се занимавам како дете во Славен Белупо, каде што останав до кадетска возраст. Потоа заминав во јуниорскиот тим на локалниот клуб од Река, каде што живеам“, објаснува Нино.

Инаку, Река е во непосредна близина на градот Копривница. Не постои играч од тој дел на Хрватска кој не чул за вештините на Нино, кој не е брз како порано, но знае да прави финти, да дрибла, да ја контролира топката.

Сокол е пред распаѓање, а ако опстанат во лигата, најзаслужен ќе биде големиот човек Нино Адамиќ.

- Оглас -

Најнови вести