Спејс-шатл договорите во НБА немаат крај – Кавај Ленард продолжува во Клиперс за 176 милиони долари

Нема крај на фантастичните суми што се плаќаат во НБА лигата ова лето, а нов баснословен договор потпиша и еден од најдобрите кошаркари, Кавај Ленард.

Ол-раунд играчот останува во Лос Анџелес клиперс и во наредните четири години, а договорот тежи 176,3 милиони долари. Со ова продолжи серијата спејс-шатл договори на дел од најдобрите кошаркари, а рекордот го држи Јанис Адетокумбо, кој потпиша петгодишен договор со Милвоки бакс за 268 милиони долари, вклучувајќи ги и бонусите.

Зад него е Стефон Кари со четиригодишен договор за Голден стејт вориорс, вреден 215 милиони долари.

Сличен дил направи и Лука Дончиќ, кој ќе продолжи во Далас маверикс, а пред два дена потпиша нов петгодишен договор за сума од 207 милиони долари.

Имаше уште неколку фантастични договори на НБА кошаркари ова лето, што се движат во рамките од 150 до 200 милиони долари, што го прави овој трансфер период убедливо најскап во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести