Спектакл на Супербоулот: Махомс со додавање на три секунди до крајот му донесе победа на Канзас (Видео)

Екипата на Канзас сити чифс е освојувач на 58-миот Супербоул во НФЛ-лигата откако по голема драма и финале кое мораше да биде решено во продолжение, го победи Сан Франциско фортинајнерс со 25:22. Канзас со оваа победа стана првата екипа по Њу Ингланд пејтриотс во 2005 година што успеа да ја одбрани титулата.

Квотербекот Патрик Махомс е прогласен за МВП на финалето. За Махомс ова е трет трофеј во Супербоулот и второ МВП-признание, со што застана рамо до рамо со легендарните Бредли и Монтана.

Иако двата финалисти се познати како одлично напаѓачки состави, одбраните беа тие кои доминираа во финалниот меч, посебно во првото полувреме. Првите поени беа постигнати дури во втората четвртина, кога Муни погоди филд гол од 55 јарди, што во тој момент беше филд гол од најголема далечина во историјата на дулеите во Супербоулот.

Потоа следуваше и тачдаун за Сан Франциско за водство од 10:0. До крајот на полувремето, Канзас успеа да погоди само еден филд гол за 10:3.  Енергично започнаа Чифс во второто полувреме. Најпрво имаа еден филд гол реализиран од неверојатни 57 јарди, па потоа следуваше и првиот тачдаун за прво нивно водство од 13:10.

Сан Франциско возврати со тачдаун за 16:13.

Канзас со филд гол израмни на 16:16.

Муни погоди за Сан Антонио од 53 јарди за 19:16, а Чифс во последниот напад стигнаа до 10 јарди од голот на противникот, но не успеаја да направат тачдаун и со сигурен филд гол израмнија на 19:19, па финалето мораше да се решава во продолжение.

Муни повторно погоди филд гол за Сан Франциско и водство од 22:19, но последниот напад го имаше Канзас.

Квотербекот Махонс, кој мечот го заврши со 333 јарди додавања, успешно додаде до Хардмен, кој направи тачдаун на три секунди до крајот за победа на Канзас и одбрана на тронот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести