Спектакл на трибините, Хајдук и Динамо не успеаја да дадат гол, Ристовски се повреди!

Хајдук и Динамо Загреб одиграа 0-0 во големото дерби на хрватскиот фудбал, и ова е резултат кој повеќе му одговара на Динамо, бидејќи Модрите останаа први на табелата, со еден бод плус во однос на Осиек. Хајдук е четврти со пет бода помалку.

Сплитските Били и Динамо имаа по една пречка, па мораа да останат задоволни со бод.

Лоша вест за нас е што во финишот се повреди Стефан Ристовски, кој побара да биде заменет.

На терен можеби и не беше спектакл, но на трибините да. Полниот „Пољуд“ потврди дека ова е најголемо дерби во Хрватска, а не изостанаа и инциденти пред и за време на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести